Коста вознемирен од изолацијата: „Не знам што да правам“
Д М13 апр 2020

Коста едвај чека да ја започне сезоната во Италија
Крилниот напаѓач на Јувентус, Даглас Коста е вознемирен од ситуацијата што го зафати светот поради КОВИД-19.
Коста не може да го дочека почетокот на сезоната, како што вели веќе не знае што да прави дома.
Серија А е затворена уште од 9 март, кога смртоносниот вирус кој удзеде животи на скоро 20.000 луѓе во Италија почна да се шири, убивајќи повеќе од 100.000 луѓе низ целиот свет.
„Се надевам дека сезоната ќе продолжи наскоро, можеби во рок од еден месец“, рече тој на Инстаграм.
„Јас тренирам секој ден, дома сум со семејството и минував време со оние што ги сакам“.
„Но, освен работите дома, не знам што да правам друго“, рече Коста, кој се чини дека е вознемирен од изолацијата.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



