SportM
Фудбал

Ковач објави крај на експериментите во Баерн

Д М7 дек 2018
Ковач објави крај на експериментите во Баерн

Тренерот на Баерн Минхен, Нико Ковач ги разочара резервите во тимот со одлука во иднина да не прави речиси никакви промени меѓу стартерите.

– Принципот на ротација кај нас не профункционира и затоа веќе нема да го практикуваме. Ќе има промени во главниот тим само ако некој има многу дуели зад себе и има потреба од одмор за да избегне повреда. Во исто време тоа е сигнал до резервите да бидат повеќе посветени на тренинзите, за да можат да ја искористат својата шанса кога ќе ја добијат, изјави Хрватот на денешниот прес.

Ковач не започна убедливо во Минхен и тимот заостанува девет поени од лидерот Борусија Дортмунд, откако ризикува да ја загуби титулата првпат по седум години. Многумина го посочуваат Ковач како причина за падот на резултатите, бидејќи тој немал искуство.

– Човек учи додека е жив. Овие пет месеци беа многу продуктивни за мене. Јас анализирам сè, извлекувам заклучоци и мојот период овде ќе биде многу важен за мојата кариера. Искуството не се купува, мора да поминеш низ него, изјави поранешниот тренер на Ајнтрахт Франкфурт.

Баерн утре го пречекува Нирнберг, кој во моментов е во најслаба форма во целата Бундеслига.

– Ова е ривал кој се обидува да игра фудбал и не го паркира автобусот, рече Ковач.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.