Крај или продолжение? Златан донесе одлука!

Златан Ибрахимовиќ со Милан ја освои титулата на Италија, прва за овој клуб по 11 години.
По тешката сезона, Швеѓанецот мора да оди на операциона маса, а нема да може да игра фудбал околу осум месеци.
Се зборуваше дека ќе стави крај на кариерата, што е многу реална опција на негова возраст, но Златан Ибрахимовиќ сака да го продолжи договорот со Милан на една сезона и наскоро ќе се сретне со клупските челници за да ги разработи деталите за новиот договор, странски пишуваат медиумите.
И во овие услови, челниците на Милан се подготвени да му понудат нов договор, за соблекувалната на Росонерите да продолжи да го користи искуството на фудбалери од калибарот на Ибрахимовиќ кои им помогнаа да го освојат Скудетото.
Сепак, Ибрахимовиќ ќе има многу помала плата од досегашната (седум милиони евра нето по сезона), а ќе се смета според одиграните натпревари и постигнатите голови и асистенции.
Златан Ибрахимовиќ по пензионирањето ќе ја преземе улогата на амбасадор на Милан, но се чини дека пензијата се уште нема да стигне иако во октомври ќе наполни 41 година.



