Крај на маките на Тими Вернер на Стемфорд Бриџ: Се согласи на се само за да го напушти Челзи

Тимо Вернер (26) ќе го напушти Челзи и кариерата ќе ја продолжи во својот поранешен клуб РБ Лајпциг.
26-годишниот германски напаѓач нема да има многу простор за игра под водство на Томас Тухел. Тоа јасно му беше соопштено, па му беа понудени опции да го напушти клубот во новата сезона.
Вернер реши да го направи тоа. Тој ја прифати понудата на РБ Лајпциг да се врати во редовите на овој клуб и дури се откажа од 50 отсто од платата за повторно да го облече дресот на својот поранешен тим.
Германецот заработуваше нешто повеќе од 14 милиони фунти годишно од Челзи, но мораше да се задоволи со многу помала цифра за да се врати таму каде што ќе биде меѓу главните играчи.
Тимо Вернер стана член на Челзи во 2020 година. Беше платен речиси 50 милиони фунти, но не се прослави во тимот од Стемфорд Бриџ.
Германскиот фудбалер одигра вкупно 89 натпревари и постигна 23 гола. Бројката можеше да биде поголема, но Вернер промаши шутеви и ги излудуваше навивачите на лондонскиот клуб.
Треба да се напомене дека 26-годишниот фудбалер одигра 159 натпревари за РБ Лајпциг од 2016 до 2020 година и постигна 95 голови.



