SportM
Фудбал

Крајот на Бејл во Мадрид!

Д М18 мар 2020
Крајот на Бејл во Мадрид!

Герет Бејл повеќе не е во плановите на тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан.

Според истакната „Марка“, француски стручњак му ставил до знаење на Бејл дека не смета на неговите услуги, а „Кралевите“ се подготвени за радикален потег, да го пуштат Велшанецот да замине од клубот без обештетување.

Бејл со Реал има договор уште две сезони. Како и да е, тој не е во плановите на легендарниот Зидан, што јасно се покажува со фактот дека има настапувано само три пати во 2020 година.

Неговата огромна плата од 20 милиони евра, а и фактот дека тој веќе нема да биде играч од Европската унија поради „Брекзит“, дополнително го оптеретува Реал и тие ќе му дадат одврзани раце да бара нов клуб.

Иако фудбалскиот агент Џонатан Барнет тврди дека 30-годишниот офанзивен играч ужива во Мадрид, прашање е колку навистина ќе ужива во фактот дека нема да игра, па затоа е голема веројатноста тој да се премисли и да го напушти клубот.

Бејл пристигна во Реал во 2014 година од Тотенхем. Сепак, тој никогаш не ја оправда цената од 100 милиони евра, често поради повреди беше надвор од теренот, но успеа да ги освои сите можни трофеи.

Тој одигра вкупно 249 натпревари за „Кралевите“ и постигна 105 голови, што во никој случај не е лош ефект со оглед на тоа колку време помина на теренот.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.