Кралевите ја прославија новата титула, но сите се прашуваа што се случи со Герет Бејл?

Реал Мадрид денеска по 35-ти пат во историјата стана шампион на Шпанија.
Кралскиот клуб денеска пред своите гледачи го победи Еспањол со 4-0 и на четири кола пред крајот ја обезбеди титулата во Ла Лига.
Реал Мадрид не дозволи изненадување на Сантијаго Бернабеу и убедливо ги победи гостите од Барселона, а по натпреварот имаше големо славје на играчите, членовите и навивачите на Реал.
Сепак, во фокусот на шпанските медиуми повторно беше Герет Бејл, кој поради повреда не беше во конкуренција за денешниот натпревар, иако пред неколку дена беше на клупата на натпреварот од Лигата на шампионите против Манчестер Сити.
Но, никому не му е јасно зошто Бејл денеска воопшто не беше на стадионот, бидејќи тој е единствениот играч кој не беше на теренот и ја прослави титулата на Реал Мадрид.
Injured and suspended players have join the team's celebration now. Each and every one of them.
But not Gareth Bale.
— Lucas Navarrete (@LucasNavarreteM) April 30, 2022
Многумина веруваат дека Бејл намерно не сакал да дојде на Бернабеу бидејќи е јасно дека целиот стадион сигурно ќе го исвирка како што тоа беше случај во текот на оваа сезона.
Затоа Велшанецот реши воопшто да не дојде на прославата на титулата, а кралскиот клуб поради тоа не се огласи, ниту пак досега даде објаснување зошто еден од најплатените играчи во клубот денеска не се појави на Бернабеу.
Бејл има договор со Реал Мадрид до крајот на оваа сезона и веќе на сите им е јасно дека летово ќе го напушти клубот.



