SportM
Фудбал

Кралевите се се поблиску до титулата во Шпанија: Реал Мадрид со половина сили го победи Хетафе

Д М9 апр 2022
Кралевите се се поблиску до титулата во Шпанија: Реал Мадрид со половина сили го победи Хетафе

Вечерва Реал Мадрид пред своите гледачи го победи Хетафе со 2-0 во 31. коло од Ла Лига.

Кралскиот клуб ја продолжи одличната серија и стигна до нови три бода, а е се поблиску до освојување на титулата во Шпанија.

Реал Мадрид вечерва одигра онолку колку што беше доволно и беше јасно дека не е баш на максимална брзина. Но, и покрај тоа, Реал дојде до три бода против Хетафе, кој вечерва не покажа ништо посебно.

 

Кралевите поведоа вечерва во 38. минута кога Винисиус одлично нафрли од левата страна, а одличен удар со глава постигна Касемиро кој влезе од втор план и погоди за 1:0.

По голот Реал заигра во прилично лесен ритам. Хетафе беше во водство за враќање, но гостите не успеаја сериозно да го загрозат голот на Кралевите.

 

Се беше решено на овој натпревар во 68. минута од натпреварот кога кралскиот клуб дојде на 2:0. Родриго и Лукас одлично се комбинираа во шеснаесетникот на гостите, а на крајот десниот бек рутински ја тресе мрежата за 2:0.

 

Карло Анчелоти потоа ја искористи можноста да одмори неколку првотимци до крајот на мечот, а од игра излегоа Бензема, Касемиро, Винисиус и Алаба, кои веќе размислуваат за реваншот од Лигата на шампионите против Челзи.

 

Треба да се додаде дека вечерва конечно од првата минута играше „заборавениот“ Марсело, кој беше многу мотивиран и мора да се признае дека беше еден од најдобрите играчи на теренот и покажа дека се уште не е за пензија.

 

 

 

 

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.