Connect with us

Фудбал

Кралска игра во петта брзина: Реал ја „скрши“ Гранада

Во 14. коло од Ла Лига, Реал Мадрид одигра одличен натпревар.

Кралевите како гости ја победија Гранада со 1:4.

Се започна во 19. минута кога Асенсио погоди за 0:1 на асистенција на Крос.

Германскиот фудбалер повторно беше во улога на асистент во 25. минута, а Фернандез ја затресе мрежата на домаќините.

На 1:2 намали Суарез во 34. минута на асистенција на Гоналон.

Се играше во 56. минута, Модриќ убаво го ангажираше Винисиус, а Барзилац третпат ја затресе мрежата на Гранада за 1:3.

Во 76. минута на сцената беа Касемиро и Менди, првиот беше асистент, а вториот беше споменатиот играч кој погоди за 1:4, што се покажа како конечен резултат на овој натпревар.

На ова да додадеме дека Гранад амеч заврши со десет играчи со оглед на тоа што Мончу доби директен црвен картон во 67. минута.

Реклама

Facebook

Реклама