Креспо открива: Интер ме продаде на Челси без да ме прашаат

Ернан Креспо, поранешниот аргентински напаѓач на познати клубови, открива интересна заднина од неговото време со „црно-сините“ во Серија А: „По една година во Интер, ме продадоа на Челси без јас да знам. Имав купено куќа во Милано само 10 дена претходно, имав уште четири години од договорот и се чувствував многу добро.
Достигнавме до полуфиналето на Лигата на шампионите и завршивме втори во првенството, по Јувентус, кога ми кажаа: ‘Те продадовме на Челси’. Вакви работи знаеше да прави само еден тренер како Купер.
Виери направи хаос во весниците и ме бранеше. Со него имавме големо разбирање. Како да се договаравме: јас да постигнам во Лигата на шампионите, а тој во првенството. Правевме сè што можевме за да си помогнеме еден на друг.
Виери се грижеше за секој детал на тренинг. За мене беше изненадување да ја гледам неговата посветеност на тренинзите и грижата за исхраната. За мене секогаш велеа дека сум силен, но покрај Бобо изгледав како срна“.



