SportM
Фудбал

Кристијан Ериксен би можел да донесе одлука која ќе ги шокира сите во светот на фудбалот

Д М6 мај 2022
Кристијан Ериксен би можел да донесе одлука која ќе ги шокира сите во светот на фудбалот

Кристијан Ериксен доживеа срцев удар на Европското првенство пред речиси една година на мечот меѓу Данска и Финска.

Одличниот дански играч за врска колабираше на теренот во текот на првото полувреме. Веднаш се виде дека се работи за срцев удар, но за среќа лекарите со брза реакција и го спасија животот на големата ѕвезда на европскиот фудбал.

Потоа следеше операција во која на Ериксен му беше вграден дефибрилатор, кој го контролира неговиот пулс. Тоа му овозможи да се врати на терените, па во јануари годинава потпиша за Брентфорд.

Тој игра навистина добро таму. Покажа дека се уште е вистински мајстор и за него во моментов има голем интерес, најмногу Тотенхем и Лестер, а се споменува дури и Манчестер Јунајтед.

Сепак, Ериксен би можел да донесе изненадувачка одлука. Данецот е подготвен да остане во клубот кој му даде шанса да се врати и е подготвен да потпише договор со нив.

 

Секако дека Брентфорд нема пари како другите тимови. Сепак, од благодарност, 30-годишниот фудбалер сигурно би се согласил на многу помала цифра, бидејќи овој клуб го врати во фудбалскиот живот и сега се составен дел од неговиот живот.

 

 

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.