SportM
Фудбал

Кристијано Роналдо е мистериозен купувач на најскапиот стан во Лисабон

Д М16 дек 2019
Кристијано Роналдо е мистериозен купувач на најскапиот стан во Лисабон

Според списанието „TV7Dias“, фудбалерот на Јувентус минатото лето купи ексклузивен дом на една од најлуксузните дестинации на Португалија.

Кристијано Роналдо е новиот сопственик на најскапиот стан во Лисабон, имотот за кој плати 7,2 милиони евра, e лоциран на 203 Руа Кастиљо, еден од најексклузивните патишта во целата земја.

Според португалското списание „TV7Dias“, аквизицијата на португалскиот фудбалер се протега на 13-ти и 14-ти кат од зградата, со површина од 288 квадратни метри со поглед на целата област во Лисабон и спектакуларен базен од 260 квадратни метри.

Станот се состои од три апартмани, дневна соба, трпезарија и кујна, како и затворен базен, џакузи, кино, приватно паркирање, безбедност и домашна автоматизација за најнапредниот дом.

За да ги добие правата на ексклузивниот пакет, Кристијано мораше да се бори со уште два тајкуна минатото лето, но на крајот тој заврши како победник.

Кристијано не престанува да инвестира во станови во сопствената земја, и покрај фактот дека за пет години цената на становите е зголемена за 35 проценти.

Ова е само уште еден во низата ексклузивни и фенси станови во сопственост на sвездата на Јувентус и најдобриот португалски фудбалер на сите времиња.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.