SportM
Фудбал

Кристијано Роналдо го напушти тренингот на Јувентус порано (ВИДЕО)

Д М25 авг 2021
Кристијано Роналдо го напушти тренингот на Јувентус порано (ВИДЕО)

Sвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо (36) го напушти денешниот тренинг порано од другите играчи.

Кристијано тренираше нормално со остатокот од тимот, а потоа се пожали на болка во раката и не можеше да продолжи да тренира.

Во придружба на клупскиот лекар, Португалецот го напушти тренингот порано и сега се чекаат првите информации за состојбата на легендарниот фудбалер.

Роналдо во последните денови се поврзуваше со заминување од Јувентус. Наводно, тој сака да го промени клубот и неговата желба е трансфер во Манчестер Сити.

Сепак, шансите за заминување се мали. Сити засега не може да го ангажира Кристијано и сигурно е дека Роналдо ќе остане член на Јувентус до крајот на неговиот договор.

Кристијано Роналдо одигра вкупно 134 натпревари за Јувентус и постигна 101 гол.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.