Кристијано Роналдо конечно постигна гол!
Д М15 сеп 2022

Во тек е натпреварот од 2.коло во Лига Европа помеѓу Шериф и Манчестер Јунајтед.
Гостите се секако апсолутни фаворити на овој натпревар и се освен убедлива победа би било еднакво на сензација.
Веќе по првото полувреме екипата на Манчестер Јунајтед има предност од два гола и е на прагот на победа на овој натпревар.
Домашната екипа се бранеше до 17. минута, но потоа Санчо на асистенција на Ериксен постигна гол за 0:1.
Потоа Манчестер продолжи да напаѓа, а тоа им се исплатеше во 39. минута од овој натпревар кога го постигна вториот гол.
Судијата покажа на белата точка, а никој друг освен Кристијано Роналдо ја зеде топката и го постигна првиот гол сезонава.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



