SportM
Фудбал

Кристијано Роналдо во центарот на вниманието поради својот mp3 плеер од 2005 година

Д М7 јан 2020
Кристијано Роналдо во центарот на вниманието поради својот mp3 плеер од 2005 година

Навивачите на Јувентус вчера го совладаа Каљари со 4:0 на домашен терен, а Кристијано Роналдо беше брилијантен.

Португалецот го даде најдоброто од 2020 година, бидејќи успеа да постигне хет-трик на вчерашниот натпревар. Но, Роналдо беше во центарот на вниманието уште пред почетокот на натпреварот во Торино.

Поточно, неговите фанови беа воодушевени кога се појави фотографија пред да започне натпреварот. Роналдо пристигна на стадионот со насмевка и еден детал особено го привлече неговото внимание.

Португалецот слушаше музика користејќи го iPod Shuffle од 2005 година, а Apple престана да го прави овој mp3 плеер пред три години.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.