Connect with us

Фудбал

Критиките не стивнуваат: Што требаше да направи Левандовски? Да даде гол со ножички од центарот?

Лионел Меси ја освои Златната топка, а иако поминаа неколку дена од прогласувањето на победникот, во светот на фудбалот се уште се зборува за овогодинешниот избор.

Многумина сметаат дека Меси не ја заслужил Златната топка, а со оваа констатација се согласува и поранешниот дефанзивец на Баерн Џером Боатенг.

Тој смета дека неговиот поранешен соиграч Роберт Левандовски требало да ја добие наградата за најдобар играч.

„Ако единственото нешто што е важно е изборот на најдобриот играч во целина, тогаш во однос на талентот тоа е Меси или Роналдо, се разбира. Но, ако ги земете предвид титулите и статистиката, тогаш треба да оцените на поинаков начин“, истакна Боатенг и додаде:

„Жал ми е Левандовски, бидејќи дефинитивно ја заслужи Златната топка. Ме потсетува на 2013 година кога ниту Франк Рибери не ја освои наградата. Многу ми е жал. Што уште требаше да направи Левандовски? Погодок од центарот на терен со ножички? Ова е секако големо разочарување за него. Но, колку што знам, само го мотивира. Неговата статистика оваа сезона е неверојатна“, додаде фудбалерот на Лион.

 

Реклама

Facebook

Реклама