SportM
Фудбал

Кризата ја прекина новогодишната традиција во Барселона: Играчите добија тажна вест од клубот

Д М24 дек 2021
Кризата ја прекина новогодишната традиција во Барселона: Играчите добија тажна вест од клубот

Одамна е познато дека финансиската ситуација во Барселона не е премногу баснословна.

Каталонскиот клуб е во огромна финансиска криза која започна со пандемијата на коронавирус, а челниците на Барселона на секој начин се обидуваат да ја стабилизираат ситуацијата.

На почетокот на годината многу првотимци се согласија на намалување на платата, а главна цел на клубот сега е да продаде некои од најплатените играчи во тимот кои и онака ги отпиша Чави Ернандез.

Но, покрај тоа Барселона најде уште неколку начини како да заштеди, а на „хит“ повторно ќе бидат првотимците на каталонскиот клуб.

Шпанските медиуми објавија дека првотимците на Барселона годинава нема да го добијат божиќниот подарок што беше традиција во овој клуб, а челниците им порачаа дека едноставно не можат да трошат пари на такви работи.

Фудбалерите на Барселона отсекогаш во претходните години за Божиќ добивале нов мобилен телефон Ајфон или скапи часовници, но оваа година традицијата ќе биде прекината.

Јасно е дека Барселона на секој начин се обидува да заштеди, а играчите не се жалат дека годинава ќе им бидат одземени новогодишните подароци, бидејќи се свесни дека на тој начин ќе му помогнат на клубот.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.