Крос: „Честитки за помладите момци, но јас и Модриќ се уште сме тука“

Германецот низ смеа ги демантираше приказните дека тој и Модриќ повеќе не можат да играат заедно.
Шпанските медиуми се почесто нагласуваат дека Реал Мадрид треба да го подмлади средниот ред.
Касемиро летово го напушти безвременското трио на Реал и се пресели во Манчестер Јунајтед, Лука Модриќ има 37, а Тони Крос 33, додека Себаљос, Чуамени и Камавинга играат подобро.
Селекторот Карло Анчелоти сезонава ги ротира играчите од средниот ред и често додава дека Модриќ е уморен по Светското првенство, што е причина за неговата малку послаба форма.
По освојувањето на Светското клупско првенство, Тони Крос се осврна на се погласните гласини дека Модриќ и тој повеќе не можат да играат заедно, иако резултатите апсолутно ги демантираат ваквите текстови и анализи.
„ Не се сомневам дека сè уште можеме да играме заедно. Кога не играме, тоа покажува, фудбалот е поинаков. Можеби ќе победиме, но изгледа поинаку. Не се сомневам дека можам да играм со Лука. Свесни сме дека Има и други играчи кои исто така заслужуваат минутажа, младите се се подобри и подобри, но ние сме сепак таму “, низ смеа изјави германскиот фудбалер.
Реал оваа сезона го освои Светското клупско првенство и Суперкупот на Европа. Во Ла Лига со меч помалку заостанува 11 бода зад лидерот Барселона, во полуфиналето на Купот на кралот ќе се сретне со Барселона, а во осминафиналето од Лигата на шампионите ќе ги одмери силите со Ливерпул.



