SportM
Фудбал

Крос еден месец надвор од теренот поради повреда

Д М8 јан 2019
Крос еден месец надвор од теренот поради повреда

Фудбалерот на Реал Мадрид, Тони Крос нема да биде на терените еден месец поради повредата, соопшти актуелниот европски и светски шампион.

Германскиот репрезентативец се повреди викендов во поразот против Сосиједад (2:0) и им се приклучи на Герет Бејла, Марко Асенсио и Дијаз, кои од истата причина не му се на располагање на тренерот Сантијаго Солари.

На место Крос, шанса во стартната постав на следниот дуел ќе добие Дани Себалос, веќе претстојниот викенд против својот поранешен клуб Бетис.

Покрај бетис, Крос ќе ги пропушти и средбите со Леганес во Купот на кралот, потоа со Севиља, Еспањол и Алавес во Примера, а останува неизвесно дали ќе биде целосно подготвен за градското дерби со Атлетико на 10 февруари.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.