Култниот клуб стана предмет на потсмев: Лутите навивачи излегоа на улиците, барајќи оставки (ВИДЕО)

Валенсија веќе подолго време не е на врвот на шпанскиот фудбал и навивачите се бесни на тоа.
Шест кола Валенсија не знае за победа, а сега следи дуел со Ваљадолид. Една од најтрофејните екипи во Шпанија е 14-та на табелата и математички сè уште нема обезбедено опстанок во Ла Лига.
Кризата е евидентна и трае со години, а незадоволните навивачи се разочарани затоа што клубот ги продаде сите важни играчи. Сопственикот Питер Лим е омразена личност.
Тој денес е еден од најбогатите луѓе и неговото богатство се проценува на 2,7 милијарди долари, но сингапурскиот бизнисмен кој ја презеде Валенсија во 2014 година не успеа да и донесе некој значаен резултат.
Тренери се менуваат на секои неколку месеци, се продаваат нешто подобри играчи и нема вистински систем. Затоа, многу навивачи на Валенсија излегоа на протест.
Тие сакаат заминување на сингапурскиот тајкун и подготвени се, како што велат, да одат до крај, сè додека Лим не ги спакува куферите и не ја напушти Местаља, а тоа може да се случи брзо…
#VCFoMort 🦇🔥 pic.twitter.com/hh15MGbicf
— Salva Gomis (@SalvaGomis97) May 8, 2021



