Куман беше разочаран од прашањето: Дали треба да размислувам за својата иднина во клубот поради еден пораз?

Екипата на Барселона утре ќе има шанса да го освои првиот трофеј оваа сезона, а противник во финалето на Купот на кралот ќе биде Атлетик Билбао.
Пред последниот натпревар во Севилја, тренерот на каталонскиот великан Роналд Куман се обрати пред новинарите, најавувајќи ја напаѓачката игра на Барса.
“Тие се многу добра екипа. Не победија во финалето на Суперкупот и утре треба да бидеме многу подобри во движењето без топка. Знаеме како треба да играме против нив”, рече Куман на прес-конференцијата.
“Во јануари, ситуацијата во тимот беше многу полоша. Оттогаш направивме многу напредок. Ќе се обидеме да доминираме на теренот, да играме посилно во одбраната и со многу енергија”, рече Куман.
Тој само бара максимална посветеност од играчите на утрешниот натпревар, особено од искусни играчи.
“Ни требаат максимално сите играчи утре. Има многу од нив во тимот со големо искуство, кои одиграа многу одлични финалиња. Тоа исто така треба да им помогне на младите играчи, кои треба да извлечат поуки од поразот во Суперкупот. “
Ѕвездата на првиот тим Лионел Меси нема да има потреба од премногу мотивација. Тој очајно сака трофеј.
“Нема да му треба посебна мотивација. Тој е одличен играч, голем професионалец и знае како да се подготви за важни натпревари. Тој ќе биде на највисоко ниво за да го подигне трофејот утре”, рече Куман.
Новинарите повторно беа заинтересирани за неговата иднина на клупата на Барселона, иако Холанѓанецот доби поддршка од новото раководство.
“Не размислувам за својата иднина без разлика дали ќе победиме или ќе изгубиме. Разговарав со Лапорта и тој ми покажа доверба. Ако некој веќе пишува дека мојата иднина во клубот е сомнителна, нема потреба претседателот постојано да го негира тоа. Тука сум во Барселона. Чудно е што морам да одговорам на вакви прашања по 19 натпревари во кои бевме непоразени. Дали мора да ја доведеме во прашање мојата иднина заради еден пораз?“, прашува Куман.
Треба да се напомене дека Куман на овој натпревар ќе може да смета на услугите на Жерард Пике, кој се опорави од повредата.
Натпреварот помеѓу Атлетик Билбо и Барселона се игра утре на стадионот „Де Ла Картуха“ во Севилја, а почетокот е закажан за 21:30 часот.



