SportM
Фудбал

Куман денеска разговараше со Пике, а исходот од разговорот ги остави навивачите на Барса без зборови

Д М25 авг 2020
Куман денеска разговараше со Пике, а исходот од разговорот ги остави навивачите на Барса без зборови

Холандскиот стручњак Роналд Куман минатата недела беше избран за нов тренер на Барселона, а тој веднаш ја започна акцијата за промена на тимот.

Јасно е дека на Барселона им се потребни големи промени во играчкиот кадар, а тоа најдобро се виде по дебаклот во Лигата на шампионите и поразот од Баерн со 8;2. Челниците на клубот го отпуштија Кике Сетиен, а Куман го зазеде неговото место.

Тој се соочува со огромен предизвик затоа што прво мора да направи тим за новата сезона. Јасно е дека ќе има многу заминувања од Барселона, а Куман веќе пречкрта неколку играчи, меѓу кои Суарез, Видал, Ракитиќ, Браитвајт…

Куман вчера преку телефон му кажал на Суарез дека не смета на него, а денес започна нова акција. Имено, шпанските медиуми пишуваат дека Куман оствари средба со Жерард Пике.

Тој му рече на Куман да смета на него и во новата сезона, и дека очекува тој да ја води одбраната и да биде главен дефанзивец. Исто така, Пике треба да ја одржува атмосферата во соблекувалната на највисоко ниво и да биде поддршка за што е можно подобро да се вклопат новите играчи.

Навивачите беа изненадени од оваа одлука бидејќи многумина веруваа дека Пике ќе биде меѓу тимот „отпишан“. Но, Куман има различен план и прилично важна улога за овој дефанзивен играч.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.