Connect with us

Фудбал

Куман ја постави главната цел, Клоп само ќе замавне со раката на можната понуда

Ангажирајќи го Роналд Куман во Барселона, тие го направија првиот чекор кон реконструкција на тимот и се очекуваат засилувања во наредниот период.

Откако заврши сагата со Лионел Меси на „Камп Ноу“, тие можат да се свртат кон доведување нови играчи бидејќи очајно е потребно освежување на тимот.

Британски весник „Експрес“ тврди дека Мохамед Салах е главната цел, но знаејќи го статусот на Египќанецот во Ливерпул, овој трансфер тешко дека ќе се реализира.

Јирген Клоп не може без Салах и германскиот селектор веројатно само ќе замавне со раката на можната понуда од Шпанија.

Барселона го донесе Филип Кутињо од Ливерпул во јануари 2018 година за 145 милиони, но тешко дека „црвените“ туку така ќе го пуштат својот најдобар играч.

Инаку, Салах ја започна новата сезона во Премиер лигата со хет-трик против Лидс Јунајтед и неговото заминување од „Енфилд Роуд“ се чини невозможно.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com