SportM
Фудбал

Куман се пензионира: „Го исполнив мојот сон во Барселона“

Д М20 мај 2022
Куман се пензионира: „Го исполнив мојот сон во Барселона“

Роналд Куман најави дека нема да тренира ниту една друга екипа.

Откако во ноември минатата година заврши една епизода на клупата на Барселона која траеше речиси една и пол година, Куман е разочаран и повеќе нема намера да работи во клупскиот фудбал.

„Исполнив еден сон – да бидам тренер на Барса. Нема повеќе да водам друг клуб, сега ќе се посветам на холандската репрезентација“, изјави Куман.

 

Куман ја напушти клупата на репрезентацијата поради Барселона. Сепак, Фудбалскиот сојуз на оваа земја реши повторно да го ангажира, а по Мундијалот во Катар ќе го преземе тимот од легендарниот Луј ван Гал, кој заминува во пензија поради тешка болест.

 

Куман во својата клупска кариера покрај Барселона водеше голем број клубови. Првиот соло ангажман го имаше во Витесе, а потоа работеше во Ајакс, Бенфика, ПСВ, Валенсија, АЗ Алкмар, Феенорд, Саутемптон и Евертон.

 

Овој 59-годишник не може да се пофали со некои големи достигнувања во својата тренерска кариера. Тој освои титули со Ајакс и ПСВ, а додаде уште трофеи во Купот на кралот со Валенсија и Барселона.

 

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.