SportM
Фудбал

Куман уште еднаш му се јави на Суарез откако го отпиша, а Уругваецот откри што му кажал

Д М22 окт 2021
Куман уште еднаш му се јави на Суарез откако го отпиша, а Уругваецот откри што му кажал

Луис Суарез минатото лето реши да ја напушти Барселона откако Роналд Куман му порача дека не смета на него.

Навивачите на Барселона беа изненадени кога Куман го отпиша Суарез веднаш по неговото пристигнување во клубот и на многумина им беше нејасно бидејќи се знае каков е искусен напаѓач.

Суарез на крајот потпиша за Атлетико Мадрид за кој се истакна минатата сезона и го предводеше овој клуб до титулата во Шпанија и му покажа на Коман каква грешка направил.

Уругваецот неодамна постигна гол и против Барселона, кој не го прослави, но го погледна Куман и гестикулираше со слушалката, алудирајќи на што телефонски му кажа дека е отпишан.

Суарез повторно проговори за сето тоа и детално објасни што се случува, а откри што му кажал Куман во тој телефонски разговор.

„Жал ми е за начинот на кој ја напуштив Барселона. Работев и тренирав напорно секој ден што го поминав во клубот, станав третиот стрелец на Барса во историјата. Претседателот или тренерот требаше отворено да ми ги кажат своите намери, а не седум дена да слушам од медиумите дека ја напуштам Барселона. На крајот на краиштата, Роналд Куман ми се јави и ми рече: „Слушај, немам повеќе планови за тебе“ Тоа беше крајно несоодветно“, изјави Суарез.

Но, тоа не беше крајот на чудниот однос на Куман кон него. Неколку дена подоцна повторно му се јави и рече дека смета на него за натпреварот против Виљареал.

„Одлучив да го раскинам договорот со Барселона бидејќи тие повеќе не ме сакаа, а бев на возраст кога малку клубови би сакале да ме платат многу. Се беше подготвено да биде раскинат, а потоа Куман ми се јави и ми кажа дека тој би сметал за натпреварот со Виљареал доколку претседателот до утре не донесе одлука дека не ме сака во клубот. Го прашав како е можно сега да смета на мене за тој натпревар, ако не сум во неговите планови. Тој одговори: „Па, не си во моите планови, но јас сметам на тебе“. Тоа е смешно “, призна Уругваецот.

Иако Суарез наскоро ќе го прослави својот 35 роденден, јасно е дека се уште е во одлична форма, а од неговото заминување Барселона има неверојатни проблеми со напаѓачите.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.