Кунг фу Линделоф: Швеѓанецот скокна и го нокаутираше противникот со колено во глава! (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед синоќа ремизираше со Реал Сосиедад во натпревар без голови и така продолжи.
Реваншот на „Олд Трафорд“ беше само формалност, бидејќи „црвените ѓаволи“ славеа на првиот натпревар во Шпанија со големи 4-0 голови на Џејмс, Рашфорд и два на Бруно Фернандеш.
Микел Ојарзабал имаше фантастична можност да го направи натпреварот интересен во 14. минута од натпреварот, но шутираше над голот. Немаше голови до крајот.
Освен тој момент, немаше преголема возбуда, но имаше еден потег кога Виктор Линделоф буквално го нокаутира Баутиста Оргилес Џон во скок со колено во главата во второто полувреме.
За среќа, Шпанецот брзо стана и го продолжи натпреварот без никакви проблеми, иако од прво не изгледаше дека ќе биде така.
https://youtu.be/8oMk6JmCxOg



