Куп на кралот: Барса славеше со автогол во Мадрид, следува реваншот

Фото: Soccer Football – Copa del Rey – Semi Final – First Leg – Real Madrid v FC Barcelona – Santiago Bernabeu, Madrid, Spain – March 2, 2023 FC Barcelona’s Frenkie de Jong in action with Real Madrid’s Vinicius Junior REUTERS/Isabel Infantes – UP1EJ321L1UED
Неочекувана прослава на Каталонците! Фудбалерите на Барселона како гости го победија Реал Мадрид во првиот полуфинален натпревар од Купот на кралот. Реваншот е на 5 април.
Натпреварот на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ заврши со резултат 0:1.
Трагичар беше Едер Милитао , кој си постигна автогол во 26. минута.
За разлика од последниот меѓусебен дуел во шпанскиот Суперкуп, кога во Ријад кон средината на јануари Барселона сосема заслужено го победи Реал со 3:1, овојпат, според нивниот тренер Чави, Каталонците влегле во натпреварот како аутсајдери, по неочекуваниот пораз од Алмерија (0:1) во Ла Лига и елиминација од Манчестер Јунајтед (1:2) од Лига Европа и без тројцата најдобри играчи, повредени Левандовски , Педри и Дембеле .
Од друга страна, Реал Мадрид ја подобри формата од јануари до денес, што го демонстрираше неодамна во Лигата на шампионите против Ливерпул кога победи со 5:2 на англиско тло.
Сепак, овој пат не одеше се како што замисли Карло Анчелоти .
Вистина, Реал прв ја затресе мрежата на ривалот, тоа успеа да го направи Бензема во 12. минута, но ВАР потврди дека брилијантниот Французин е во офсајд.
Петнаесет минути подоцна, знамето повторно беше подигнато на спротивната страна од теренот, но по гледањето на видеото, ВАР потврди дека Барселона постигнала регуларен гол. Всушност, тоа беше автогол на Бразилецот Едер Милитао , кој случајно беше погоден од топката која се одби во мрежата откако Куртоа претходно го одбрани ударот на Кеси .
FRANK KESSIE OPENS THE SCORING FOR BARCELONA! 😮 pic.twitter.com/sdDyDtXg0J
— ESPN FC (@ESPNFC) March 2, 2023
Реал го започна вториот дел многу поагресивно, диктираше темпо, создаваше шанси и полушанси, но повторно Барселона беше поблиску до голот. Се играше во 72. минута кога Феран Торес мина по крилната страна и го проигра Кеси , следеше удар во небранетиот дел од мрежата на Реал, но на патот кон голот топката удри во гостинскиот играч Фати .
Неверојатен факт е што играчите на Реал не упатија ниту еден удар во рамката од голот на Барселона.
Kessie nearly made it 2-0 for Barcelona but Ansu Fati couldn't get out of the way 🤯 pic.twitter.com/JbbyiFxGTw
— ESPN FC (@ESPNFC) March 2, 2023
Реваншот од полуфиналето на Копа дел Реј е закажан за 5 април на Ноу Камп.
Другата полуфинална двојка ја сочинуваат Осасуна и Атлетик Билбао. На првиот натпревар во Памплона беше 1:0 за домашната екипа . Реваншот е на 4 април во Баскија.



