SportM
Фудбал

Куртоа на тренинг ги скина предните вкрстени лигаменти

Д М10 авг 2023
Куртоа на тренинг ги скина предните вкрстени лигаменти

Според извештаите од Шпанија, Тибо Курота во четвртокот во солзи го напуштил тренингот на Реал Мадрид поради повреда што ја заработил само два дена пред првиот натпревар оваа сезона.

Според информациите, Белгиецот го повредил коленото и сите во клубот се многу загрижени бидејќи постои ризик да ги повреди предните вкрстени лигаменти.

По првите тестови беше потврдено дека се работи за скинат преден вкрстен лигамент на левото колено.

Куртоа ќе биде опериран во следните неколку дена и ќе има долга пауза.

Реал ја отвора сезоната со гостување кај Атлетик Билбао во сабота навечер.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.