SportM
Фудбал

Кутињо ќе замине во Англија, веќе се остварени контакти

Д М25 мај 2020
Кутињо ќе замине во Англија, веќе се остварени контакти

Филипе Кутињо ќе се врати од позајмица од Баерн во Барселона.

Тој не се покажа меѓу Баварците, но ниту меѓу Каталонците претходно, така што веројатно го чека нова промена на околината.

Англиските медиуми пишуваат дека Кутињо би можел да замине во Арсенал. Микел Артета го цени многу и наводно сака да направи се за да го донесе на „Емирати“.

Арсенал веќе контактираше со неговиот претставник и тие веруваат дека ќе се најде заеднички јазик. Тој има договор со Барселона до 2023 година, а наводно Барса бара 85 милиони евра.

Баерн пред неколку дена официјално потврди дека нема да го откупат неговиот договор.

“Опцијата за откуп е истечена и ние сигурно нема да ја искористиме. Сега наша цел е да ги завршиме плановите за следната сезона и да видиме дали Кутињо сепак ќе има улога во нашиот тим или не”, рече Румениге, оставајќи до знаење дека може да го доведат само со драстично намалување на бараниот надоместок.

Баерн очигледно реши да ги вложи парите во Лерој Сане, кој се уште е прва мета, а пред неколку дена медиумите во Германија објавија дека фудбалерот на Манчестер Сити се мами од „десетката“ на Кутињо.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.