Ла Лига ја спречи Барселона да го донесе Мукоко
Д М25 дек 2022

Барселона оваа зима сакаше да го ангажира суперталентираниот Јусуф Мукокo од Борусија Дортмунд, но нема да може да го направи тоа.
Според новинарот Херардо Ромеро, каталонскиот клуб се консултирал со Ла Лига за тоа. Сепак, Ла Лига и одговори на Барса дека 18-годишниот напаѓач не е опција, бидејќи тоа би било надвор од правилата на финансискиот фер-плеј за клубот.
Барса затоа ќе почека до летото, кога ќе може бесплатно да го ангажира Мукоко, бидејќи договорот на овој напаѓач со „милионерите“ истекува во јуни.
Каталонците допрва ќе треба да се борат за неговиот потпис, бидејќи конкуренција ќе имаат Челзи, Манчестер Јунајтед, Ливерпул и Тотенхем.
Мукоко има шест гола и три асистенции во 12 натпревари во Бундеслигата оваа сезона.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



