Лахоз му даде жолт картон на Меси за Марадона, а извештајот за картонот беше особено интересен

Барселона вчера ја совлада Осасуна со 4:0, а Лионел Меси го соблече дресот на Барселона кога постигна гол за 4:0 и остана во дресот со број 10 од аргентинскиот Њувелс Олд Бојс.
Меси на тој начин му оддаде почит на легендарниот Диего Марадона, кој почина во средата. Тоа беше всушност дрес на Марадона од времето кога играше за тој клуб.
Главниот судија Матеу Лахоз му даде жолт картон, иако спортската јавност сметаше дека Лахоз требаше да гледа низ прстите заради целата ситуација и трагедијата што го потресе фудбалот.
„Марка“ денес го објави и она што го напиша во записникот на Лахоз. Тој не го спомна Марадона.
„73 минути од натпреварот играчот со број 10, Меси Кучитини, Лионел Андрес, доби жолт картон поради следната причина: Затоа што го соблече дресот откако постигна гол за да го покаже новиот дрес на Њувелс Олд Бојс со бројот 10 на грбот. Њувелс Олд Бојс носеше таков дрес во сезоната 1993/1994 “.
Лахоз е познат како многу педантен на теренот и надвор од него, па не е изненадувачки што е ваков записникот.
Марадона почина во својот дом на 60 година.



