Лајпциг и Рома не постигнаа договор
Д М14 мај 2020

РБ Лајпциг нема да го купи напред Патрик Шик.
Тој е на позајмица од Рома, а се шпекулираше дека ќе остане, но тоа нема да се случи.
Рома бара 29 милиони евра за неговите услуги, а германскиот клуб ги нема тие пари.
Спортскиот директор на Лајпциг изјави дека купувањето на договорот на Шик не е опција во моментов и дека Рома бара премногу висока бројка.
Наводно, напаѓачот сам сака да остане и се обидува да ги убеди водачите на Рома да го намалат обештетувањето.
Останува да се види што ќе се случи.
Шик има постигнато седум гола на 19 натпревари оваа сезона.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



