SportM
Фудбал

Лајпциг повторно го совлада Јанг Бојс и го потврди второто место

Д М13 дек 2023
Лајпциг повторно го совлада Јанг Бојс и го потврди второто место

Фудбалерите на Лајпциг на свој терен го победија Јанг Бојс со 2:1, во натпреварот од последното шесто коло од групата Г на Лигата на шампионите.

Оваа група беше решена уште пред вечерашните натпревари, се знаеше дека Лајпциг во осминафиналето оди од второто место, дека Сити е секако прв, Црвена звезда е последна, а Јанг Бојс од третото место ќе оди во нокаут фазата на Лигата на Европа.

Лајпциг со нов триумф ја потврди позицијата и натпреварувањето го заврши со 12 бода. Двапати ги победи Јанг Бојс и Звезда, а двапати загуби од Манчестер Сити – сето тоа сосема очекувано.

Вечерва немаше голови во првото полувреме, а второто почна фуриозно. Го отвори Шешко, кој во 51. минута зголеми на 1:0.

Швајцарскиот шампион израмни преку Коли две минути подоцна, а Форсберг им го врати водството на Булс во 56. минута.

Се покажа дека Швеѓанецот го постави конечниот резултат на оваа средба.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.