SportM
Тајм аут

Ламборџини со ликот на Марадона се појави во Неапол

Редакција2 авг 2022
Ламборџини со ликот на Марадона се појави во Неапол

Диего Армандо Марадона беше икона во Неапол и за време на неговиот живот и по неговата смрт, но она што денес се гледа во околината на овој град е без преседан.

Се појави автомобил Ламборџини со насликан ликот на Марадона на хаубата. До сликата стоеше и потписот на аргентинскиот фудбалер. За да биде уште поавтентично, автомобилот е во небесно сино, заштитниот знак на сината нијанса за клубот во кој Марадона играше осум сезони и го освои двапати Скудетото и еднаш Копа Италија.

Овој автомобил не беше случајно таму, туку беше дел од настанот наречен „Сините денови“, изложба на сопствениците на Ламборџини од областа Неапол.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.