Лампард е свесен дека може да ја изгуби работата

Менаџерот на Челзи, Френк Лампард е свесен дека може да ја изгуби работата.
Челзи е во лоша форма, а поради низата лоши резултати, Лампард стравува за неговиот престој на клупата и е свесен дека е можно тоа да се случи.
“Кога дојдов во Челзи, тоа ја крена мојата кариера. Можеби не би било така ако одам на друго место, кој знае што ќе се случи со мојата кариера. За среќа, дојдов во клуб кој имаше сопственик кој го смени ликот на клубот и мојот живот. Тоа не треба да ми дава никаква предност во бизнисот што го започнав минатата година, иако мислам дека четвртото место беше позитивно со оглед на околностите. Сега треба да се подобриме “, рече Лампард и додаде:
“Пред еден месец сè беше розово, а еден месец подоцна, сè изгледа негативно. Чувствувам дека ја имам поддршката од клубот, ја добив кога се вратив да бидам менаџер тука. Ја чувствував таа поддршка 13 години како играч. Го напуштив клубот затоа што тие сакаа да одат на друг начин. Знам што е фудбал, ги разбирам барањата и очекувањата. Немам право да бидам надвор од тие правила “.



