SportM
Фудбал

Лампард спреми понуда од 70 милиони евра, експресно одговори Баерн

Д М5 јан 2020
Лампард спреми понуда од 70 милиони евра, експресно одговори Баерн

Челзи имаше желба да го донесе Алаба, но нема да дојде од трансфер.

На Челзи само што му ја укинаа забраната, така што овој јануари ќе се обидат да донесат некое звучно и квалитетно засилување, а Френк Лампард го посака Алаба.

Лампард не им верува на Емерсон и Алонсо, па тој неодамна го префрли Аспиликета од десно кон лево, сè додека не најде долгорочно решение, а планот беше Австриецот да го „крпи“ тој дел од тимот.

Алба е во Баерн од 2008 година и има освоено дури 20 трофеи, при што Челзи е подготвен да му плати 70 милиони евра.

Сепак, тренерот на Баерн, Ханс-Дитер Флик, потврди дека нема никаква врска со продажбата на Алаба и дека овој одличен фудбалер ќе остане член на германскиот шампион уште неколку сезони.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.