SportM
Фудбал

Лапорта го мерка Фабрегас за тренерската позиција

SPORTM.mk1 окт 2026
Лапорта го мерка Фабрегас за тренерската позиција

Во Барселона изгледа дека веќе размислуваат за иднината, за моментот кога Ханси Флик повеќе нема да биде на клупата на каталонскиот клуб. И претседателот Жоан Лапорта веќе го има својот фаворит.

Тоа е шпанскиот тренер Сеск Фабрегас, кој блеска во Италија и Европа со Комо. Претседателот на клубот „блауграна“ го потврди својот интерес за 39-годишниот, кој некогаш играше три сезони за Барселона.

„Фабрегас го разбира нашиот менталитет и визијата на Барса подобро од било кој друг. Тој порасна тука и ова секогаш ќе биде неговиот дом. Понатаму, ни се допаѓа неговата фудбалска филозофија“, изјави Лапорта.

Тој го потврди и довербата што клубот и тимот ја имаат во актуелниот тренер Ханси Флик: „Сепак, за моментот имаме одличен тренер како Флик. И видовте за што е способен.”

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.