Connect with us

Фудбал

Лапорта има нова опсесија, не е Халанд, ама од каде и на Барса 200.000.000 евра!?

Ова лето свесно го пропуштија „пазарот на деветки“ во кој беа – Виктор Ѓокереш, Александер Исак, Уго Екитике, и многу други, затоа што знаеја дека Роберт Левандовски останува уште една година.

Но, Барселона мора да почне да го подготвува теренот за следното лето и да бара нов напаѓач, а прва желба на Жоан Лапорта сега е – Хулијан Алварез!

Аргентинецот и претходно беше поврзуван со Барселона, особено поради фактот дека е познато оти е навивач на каталонскиот клуб поради својот идол Лионел Меси. Тоа неодамна го потврди и неговиот прв тренер од младинските категории на Ривер.

Сега и каталонскиот „Спорт“ ја објави оваа информација – Жоан Лапорта сака да вети трансфер на Хулијан Алварез како дел од својата претседателска кампања. Изборите во Барселона се закажани за следното лето, и јасно е дека Лапорта го подготвува теренот за спектакуларен преоден рок.

Меѓутоа, овој трансфер нема да биде воопшто лесен. Пред сè, Атлетико ја „испразни касата“ за да го доведе од Сити летото 2024 година, плаќајќи 75.000.000 евра плус бонуси, со кои сумата ќе достигне до 90.000.000.

Сега Алварез се проценува на најмалку 150.000.000 евра, што Барселона тешко дека може да го плати, освен ако не се врати на моделот на финансиско работење 1:1.

Во прилог на тоа оди и враќањето на „Камп Ноу“, кој ќе биде машина за полнење на клубската каса, иако датумот на враќање постојано се одложува.

Исто така, заминувањето на Роберт Левандовски следното лето по истекот на договорот ќе ослободи дури 26.000.000 евра во платниот буџет на Барселона, па регистрацијата на договор и плата за Алварез нема да биде проблем.

Најтешкиот дел ќе бидат преговорите со Атлетико, кој нема лесно да го пушти својот најдобар играч. Алварез го „разби“ Реал Мадрид, стана херој на навивачите, и управата не смее да си игра со угледот на клубот кога станува збор за овој трансфер.

„Спорт“ пишува дека Атлетико нема да слуша понуди под 200.000.000 евра, што Барселона не може да го плати ни во сон. Алварез има договор до 2030 година и клаузула од половина милијарда евра, така што Атлетико може мирно да гледа како Каталонците ја бркаат нивната прва ѕвезда…