SportM
Фудбал

Лапорта му кажа само два збора на Куман по поразот од Бенфика

Д М1 окт 2021
Лапорта му кажа само два збора на Куман по поразот од Бенфика

Барселона претрпе тешка шлаканица во средата на гостувањето кај Бенфика.

Каталонскиот клуб беше поразен со 3:0 во натпреварот од второто коло во групната фаза од Лигата на шампионите против Бенфика, што ретко кој можеше да го очекува.

Барселона и натаму е без бод во Лигата на шампионите во новата сезона, што се нема случено одамна.

По срамот во Лисабон, повторно беше силно погоден холандскиот стручњак Роналд Куман, кој се чини дека е со една нога надвор од каталонскиот клуб и прашање е само кога официјално ќе добие отказ.

Шпанските медиуми вчера објавија дека Жоан Лапорта и другите членови на управниот одбор веќе донеле одлука Куман да добие отказ, а тоа ќе се случи по натпреварот во Мадрид против Атлетико, кој е закажан за утре.

Куман не се снајде на клупата на каталонскиот клуб, а по неговото доаѓање, играта на Барселона не е ниту близу до онаа што го красеше овој тим сите овие години зад нас.

Каталонскиот спорт објави дека Лапорта бил бесен по поразот од Бенфика и дека дошол во соблекувалната по натпреварот. Наводно, Лапорта целосно го игнорирал Куман, и разговарал само со играчите.

Неговата „студенило“ продолжи и во авионот, а Спорт пишува дека Лапорта му испратил на Куман само два збора откако се симнал од авионот, и рекол „добра ноќ“.

Отпуштањето за Куман е подготвено без разлика на резултатот во дербито против Атлетико, и ќе биде интересно кој ќе го замени холандскиот стручњак на клупата на каталонскиот клуб.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.