SportM
Фудбал

Лапорта по мечот со Реал влезе во судиската соба и побара објаснување за неколку спорни ситуации

Д М17 окт 2022
Лапорта по мечот со Реал влезе во судиската соба и побара објаснување за неколку спорни ситуации

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта влезе во судиската соба по натпреварот од 9. коло на Ла Лига со Реал Мадрид (1:3). пренесува „Марка“.

– Кога натпреварот заврши и судискиот тим беше во соблекувалната, претседателот на Барселона Жоан Лапорта влезе во просторијата и постојано бараше разјаснување за одредени ситуации во текот на натпреварот. Судиите и делегатот од него побараа да ја напушти судиската просторија и немаше дополнителни инциденти, соопшти судијата Хозе Марија Санчез Мартинез во извештајот.

Според „Марка“ Лапорта бил незадоволен од тоа што не бил досуден пенал по падот на напаѓачот Роберт Левандовски во 75. минута, а и поради прекршокот за 11 метри по стартот на Ерик Гарсија врз Родриго во 90. минута.

Барселона е на второто место со 22 бода од девет натпревари. Каталонците го претрпеа првиот пораз во тековната сезона во Ла лига.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.