Лапорта: По секоја цена го сакав Лаутаро Мартинез, но по разговорот со Марота, се повлеков!

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, потврди дека ова лето каталонскиот клуб се обидел да го трансферира Лаутаро Мартинез од Интер, за да го замени Роберт Левандовски.
“Сето е вистина, го сакав Лаутаро по секоја цена. Тој е извонреден фудбалер и не сакавме да ни избега. Затоа му се јавив на претседателот Марота и тој ми рече дека играчот не е на продажба”, – изјави Лапорта за „Кориере дело Спорт“.
Тој додаде: “Потоа, во секој случај, не би бил играчот тој што ќе одлучи дали ќе замине или не, бидејќи Интер сакаше да го задржи. Така, од почит кон Бепе, кој многу го ценам, се повлековме.”
За Фабрегас, рече: “Сеск го познава менталитетот и визијата на Барселона подобро од кој било друг. Тука е израснат и ова секогаш ќе биде неговиот дом. Ни се допаѓа и неговиот начин на разбирање на фудбалот, но сега имаме голем тренер како Флик. И видовте што е во состојба да направи.”
За Суперлигата, Лапорта потсети дека Барселона беше меѓу основачите на ЕКА и дека нивните идеи имаат влијание врз промените од кои денес клубовите имаат корист.



