Лапорта потврди, Барса би можела да пазарува во Минхен!

Барселона поради финансиски проблеми е принудена да бара решенија со што помали вложувања, па Бенџамин Павард е една од желбите на клубот.
Ова денеска го потврди и претседателот Лапорта.
„Павар е реална опција за нас. Тој има договор до 2024 година и сака да ја промени средината “, изјави Лапорта.
На оваа тема се зафати и новинарот Хави Мигел кој додаде дека Павар е опција за Барселона, но само за позицијата десен бек, на која Французинот не сака повеќе да игра во Минхен и затоа сака да го напушти Баерн.
Чави на стоперската позиција ги има Араухо, Кунде, Ерик Гарсија и Андреас Кристенсен, па нема логика Павар да биде опција за срцето на одбраната.
Познато е и дека договорите на Ектор Белерин и Серхи Роберто истекуваат на 30 јуни и дека најверојатно на лето ќе го напуштат клубот.
Десниот бек останува приоритет на Чави, сега прашање е дали Павар е најдоброто решение и дали Французинот се согласува да игра во Барса во близина на теренот.
Но, едно е сигурно – дека е евтин и дека сака нов клуб.



