SportM
Фудбал

Лапорта утрово беше пречекан од навивачите пред клубот и тие му дадоа јасна порака

Д М1 окт 2021
Лапорта утрово беше пречекан од навивачите пред клубот и тие му дадоа јасна порака

Ситуацијата во Барселона е прилично турбулентна веќе неколку месеци.

Жоан Лапорта беше избран за нов претседател пред неколку месеци, и беше пречекан од очајна финансиска ситуација која повеќе или помалку успеа да ја реши до почетокот на новата сезона.

Сепак, клубот ова лето не се занимаваше премногу со играчкиот кадар, што е многу забележливо во резултатите.

Барселона не ги забележува очекуваните резултати, поради што тренерот Роналд Куман, кој најверојатно ќе добие отказ во наредните денови, наиде на жестоки критики.

Куман ја имаше поддршката од Лапорта, но се чини дека ја загуби откако каталонскиот клуб беше поразен на гостувањето кај Бенфика со 3:0 во средата.

Лапорта, исто така, дојде утрово во просториите на клубот, а кога излезе надвор беше пречекан од група навивачи кои го поздравија, но потоа почнаа да скандираат: „Отпуштете го Куман“.

Шпанските медиуми пишуваат дека отказот на Куман е веќе готов и дека тоа ќе се случи по утрешниот натпревар во Мадрид против Атлетико.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.