SportM
Фудбал

Лацио доведува големо засилување од ПСЖ?

Д М24 сеп 2020
Лацио доведува големо засилување од ПСЖ?

Челниците на Лацио сакаат да го засилат својот тим во средниот ред, а изборот наводно паднал на фудбалерот на ПСЖ, Јулијан Дракслер.

Наводно, до крајот на неделава ќе биде испратена понуда за Дракслер, која ПСЖ треба да ја прифати.

Сепак, во борба за Дракслер се и Милан, Интер и Рома, но според италијанските медиуми, Лацио е најблизу до негово доведување.

Цената што ја постави ПСЖ за Дракслер е 15 милиони евра, но проблем за сите е неговата плата од 7 милиони евра по сезона.

Останува да се види дали Лацио и ПСЖ ќе се договорат, и дали Дракслер ќе игра во Италија од следната сезона.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.