SportM
Фудбал

Лацио ги прекрши правилата за тренинг и постави зелена мрежа околу тренинг центарот за тоа да го покрие

Д М14 мај 2020
Лацио ги прекрши правилата за тренинг и постави зелена мрежа околу тренинг центарот за тоа да го покрие

Иако групното тренирање во Серија А е дозволено од понеделник, Лацио сепак го воведе малку порано во неговиот тренинг камп.

„Кориере дела Сера“ известува дека Лацио веќе вежба три-на-три тренинзи, иако тоа е забрането со правилата за социјално растојание за време на воведните две недели обука во Италија.

Засега е дозволено само индивидуално тренирање на играчи во центрите за обука, но тренерот на Лацио, Симоне Инзаги,не го почитува тоа, па на крајот на секој ден тој користи систем на тренинзи од три на три.

Се разбира, овој вид на работа е против правилата, но корисно е за зголемување на ритамот на работа. Споменатиот извор објаснува дека ваквите натпревари на тренинзите на Лацио траат пет минути и содржат различни правила од оние што можеме да ги гледаме за време на реалните натпревари. Меѓу другото, некои правила се дека играчот не смее да ја допира топката повеќе од три пати, а тој може да постигне гол само од првиот контакт со топката.

„Кориере дела Сера“, исто така, известува дека за време на ваквите натпревари, била поставена зелена мрежа околу тренинг центарот Мирко Ферсини, за да не се види ништо однадвор.

Лацио сигурно треба да работи напорно во наредниот период затоа што има 12 натпревари пред крајот на Серија А и се само еден бод заостанување зад Јувентус, тие сигурно ќе се борат со сите сили за Скудетото кога ќе продолжи сезоната. Засега е предвидено за 13 јуни.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.