Лацио ја совлада Парма и се приближи до Јувентус на минус еден
Д М9 фев 2020

Лацио ја совлада Парма со 1:0 во 23-то коло од италијанското првенство вечерва, со што Серија А сега е многу интересна.
На небесно плавите итно му беа потребни три поени за да се доближат до Јувентус на само минус еден, и тие успеаја да го сторат тоа.
Лацио беше далеку подобар тим во првото полувреме. Лацио се погрижи да постигне гол во 41 минута кога Фелипе Каичедо шутираше од пенал.
Во второто полувреме домашната екипа да даде се од себе за да добие бод и имаше две шанси преку Капрари и Спрокати, но немаше промена во резултатот.
Лацио сега е втор на табелата со бод помалку од Јувентус и два повеќе од Интер кои играат вечерва против Милан. Парма, од друга страна, остана на 10-то место со 32 бода.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



