Connect with us

Фудбал

Лацио, Рома, Интер, по десет години „флертување“ конечно е во Милано, по стапките на неговиот идол

Интер и официјално го промовираше Александар Коларов како ново засилување. Станува збор за искусен бек, кој речиси целата своја кариера ја помина во Серие А. Слично како и неговиот идол Синиша Михајловиќ се одвива неговата кариера, Лацио, Рома, па сега Интер.

Како што самиот изјави по десет години „флертување“ со Интер, конечно го облече дресот на оваа екипа.

-Вистина е дека и порано бев поврзуван со Интер, но сега конечно успеав да дојдам. Беше лесен избор, воопшто не размислував кога добив повик од овој клуб. Веќе познавам многу играчи, игравме порано едни против други, имам позитивни впечатоци, изјави Коларов.

Медиумите во Италија го поврзаа со Синиша Михајловиќ, сегашен тренер на Болоња.

loading...

-Ми беше идол кога растев. Како мал, многу мал, го гледав во Црвена Звезда. Ова за мене се чини дека е судбина, да ги следам неговите чекори. Можеби токму како Михајловиќ ќе ја завршам кариерата во Интер, вели Коларов.

 

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com