Лаутаро чини 110 милиони евра, Јунајтед се повлекува
Д М7 фев 2020

Црвените ѓаволи не се подготвени да потрошат толку многу пари на аргентинскиот напаѓач, кој исто така го сакаа Барселона и Манчестер Сити.
Интер ја постави цената за Лаутаро Мартинез.
Аргентинскиот фудбалер чини 110 милиони евра, според клаузулата за раскинување на договорот.
Манчестер јунајтед беше еден од клубовите заинтересирани за опасниот напаѓач, но „црвените ѓаволи“ се чини дека се повлекоа.
Британскиот гигант смета дека побарувачката на Интер е висока за 22-годишник, пишува „Тајмс“.
Во меѓувреме, Барселона покажа интерес за Аргентинецот, кој го смета за идеален наследник на Луис Суарез.
Но, во трката за играчот се чини дека е и Манчестер Сити.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



