SportM
Фудбал

Лаутаро Мартинез доби дополнителна суспензија по глупоста против Каљари

Д М28 јан 2020
Лаутаро Мартинез доби дополнителна суспензија по глупоста против Каљари

Напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез, е казнет од страна на италијанската фудбалска федерација, откако доби црвен картон против Каљари пред неколку дена.

Интер во мечот против Каљари ремзираше (1:1) и Лаутаро доби црвен картон во 94-та минута. Судијата му покажа жолт картон најпрво, а откако Мартинез продолжи да се буни, му беше покажан уште еден, а со тоа и патот до соблекувалната.

Додека го напушташе теренот, удраше во стаклото на патот кон тунелот и поради тоа заработил суспензија од два натпревари. Тоа значи дека ќе го промаши дербито „Дела Мадонина“, закажано на 9 февруари.

Покрај суспензијата од два меча, Мартинез доби и парична казна од 15.000 евра. Покрај дербито со Милан, тој ќе го промаши натпреварот против Удинезе, кој е закажан за следното коло.

Ова ќе биде голем удар за Интер бидејќи станува збор за играч кој постигна 26 голови на 26 одиграни натпревари оваа сезона.

Интер во моментов е на 2-то место во Серија со три бода помалку од лидерот Јувентус.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.