SportM
Фудбал

Легендарниот фудбалер го споредува Вернер со слеп коњ: Спуштете ја главата и трчајте до истоштеност

Д М15 апр 2021
Легендарниот фудбалер го споредува Вернер со слеп коњ: Спуштете ја главата и трчајте до истоштеност

Германскиот напаѓач Тимо Вернер (25) пристигна летото 2020 година од РБ Лајпциг во Челзи за повеќе од педесет милиони евра.

Сепак, Вернер не се снајде баш најдобро на „Стемфорд Бриџ“, а главен проблем му е реализацијата, која е доста очајна оваа сезона.

Неговите бројки се прилично лоши затоа што тој е фудбалер кој одигра повеќе од 3.000 минути досега оваа сезона. Постигна 10 гола и има 11 асистенции, но промашувањата на голот се она што го карактеризира и навивачите на Плаваите не можат да бидат задоволни од скапото засилување.

Поранешниот холандски фудбалер Рафаел ван дер Варт остро го критикуваше германскиот фудбалер. Тој го нарече Вернер слеп коњ.

“Да бев Томас Тухел, секогаш би го избрирал Хаким Зијех, кој е многу подобра опција. Тимо Вернер е брз и можеби е добра опција за гостински натпревари, но тој е под голем притисок на домашните натпревари”, изјави Ван дер Варт.

„Сè што Тимо Вернер знае да стори е да ја спушти главата и да истрча до истоштеност како вистински слеп коњ“, изјави поранешниот холандски фудбалер.

Терминот слеп коњ значи личност која е доста бескорисна и покрај напорите што ги вложува да стори нешто и очигледно е дека Ван дер Варт го смета за таков.

Ван дер Варт во својот коментар го спомена мароканскиот фудбалер Хаким Зијех, кој исто така пристигна во лондонскиот клуб минатото лето.

Тој, за разлика од Вернер, играше значително помалку. Тој настапи на 29 натпревари и одигра 1452 минути, постигнувајќи четири гола и четири асистенции.

Тимо Вернер одигра четири феноменални сезони за РБ Лајпциг пред да дојде во Челзи и беше еден од поефикасните играчи во Бундеслигата.

Во овој клуб, тој постигна 95 голови на 159 настапи, и секако треба да се напомене дека тој исто така играше за Штутгарт три сезони, во кои имаше ефект од 14 гола на 103 настапи.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.