SportM
Фудбал

Легендарниот Кафу ја тужи „својата“ Рома и бара речиси 12.000.000 евра!

Д М13 окт 2023
Легендарниот Кафу ја тужи „својата“ Рома и бара речиси 12.000.000 евра!

Поранешниот фудбалер на Рома, славниот Бразилец Кафу, е подготвен да ги тужи римскиот клуб и Катар ервејс за речиси 12 милиони евра отштета за прекршување на правата на имиџот, пренесуваат италијанските медиуми.

Бразилецот наводно се подготвува да ги изведе клубот и авиокомпанијата на суд за 11,8 милиони евра како компензација, откако двете компании неправедно му ги прекршиле правата на имиџот.

Случајот датира од 2019 година, кога Кафу учествуваше во реклама како дел од новото спонзорство на Рома со Qatar Airways. Тој одлета за Варшава и сними промотивно видео, кое брзо беше емитувано на телевизија.

После тоа, Кафу побарал од својот правен застапник да најде договор за плаќање, што постојано се одложувало.

Во август 2020 година, Џејмс Палота ја продаде Рома на семејството Фридкин без договор со Кафу, а поранешниот десен бек продолжи да чека, не сакајќи да подигне обвиненија поради љубовта кон својот поранешен клуб.

По долго чекање, Кафу сега одлучи да ги тужи Рома и Катар Ервејс, барајќи отштета од околу 11,8 милиони евра.

Последниот датум за да се договорат трите страни е 17 ноември, а доколку тоа не се случи, Бразилецот ќе го однесе клубот и авиокомпанијата на суд.

Кафу беше дел од генерацијата на Рома која последен пат на овој тим му ја донесе шампионската титула на Италија во 2001 година.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.